Синди Крафорд ја откри тајната за својата негувана кожа

31 декември, 2020
219197_profimedia0500079488_ls


Освен во гените, тајната на нејзиниот изглед лежи во правилната нега и исхрана, како и во континуираното чистење и хидрирање на лицето. Како и сите жени, Синди има малку „домашен“ трик, а нејзиниот лежи во примената на состојки што можеме да ги најдеме во сечија кујна.

Синди Крафорд во февруари ќе го прослави и својот 55-ти роденден, но сепак воодушевува со својот изглед. Судејќи според нејзините најнови фотографии, скоро е неверојатно дека овој поранешен супермодел веќе добро зачекори во својата шеста деценија од животот.

Многумина се прашуваат која е нејзината тајна и што ја прави толку млада. Една од причините што сè уште изгледа толку добро е тоа што својата рутина за убавина ја прилагоди на годините. Денес таа носи помалку шминка од кога било порано и своето внимание го насочи кон нега на кожата.

Љубовта кон декоративната козметика ја замени со љубовта кон подготвителната козметика. “Би рекла дека тоа е најголемата еволуција за мене. Сето тоа некако дојде интуитивно со возраста”, открива во интервју за Вог, додавајќи дека клучот за нејзиниот изглед го гледа во одржувањето на внатрешниот мир: “Мислам дека најважно е ако се грижите за вашето тело и умот, вашите односи и пријатели со кои можте да се смеете и да споделите сè “.

Еве како изгледа нејзината утринска рутина:

escort - Korsan taksi