Совети од најдобрите холивудските дерматолози за да имате кожа како Џенифер Лопез

16 април, 20200
Jennifer-Lopez-1

И вашата кожа може да заблеска на холивудски начин со само неколку трикови.

Врвните холивудски дерматолози и професионалци кои се грижат за здравјето на лицата на познатите личности, како што се Џенифер Лопез или Хали Бери, дадоа неколку многу корисни и професионални совети за тоа како да ја направите вашата кожа поубава и да се ослободите од проблематичните акни и мозолчиња и нечистотии на вашето лице.

Според нив, акните се многу упорни и неверојатно тешки за лекување, а придружени се со бројни митови и гласини кои создаваат дополнителна конфузија кај луѓето за тоа како најдобро да се третира кожата од акни.

Еве што тие сугерираат кога станува збор за проблематична кожа.

· Немојте премногу да ја чистите кожата

Д-р Алисон Тем тврди дека луѓето сакаат и се многу посветени на прекумерно чистење на кожата, бидејќи на тој начин се чувствуваат чисти, но ова многу брзо може да им се удри од глава. Ако ја претерано или премногу агресивно ја чистите кожата, таа создава вишок себум (природно масло за кожа) за да ја надомести загубата и тоа може да доведе до уште поинтензивни акни и мозолчиња. „Јасна моите пациенти со проблематична кожа им советувам да ја чистат кожата само двапати неделно и да го прават тоа многу нежно“, вели докторката

· Третмани со киселина

Д-р Ејми Спицуоко тврди дека средства за чистење на лицето на база на гликолна киселина прават чуда за кожата со акни и кожата склона на инфекции. Гликолна киселина ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата и со тоа ги намалува митесерите, воспаленијата и акните.

· Пилинг на кожата

Според д-р Тејас Десаи, многу луѓе немаат време постојано да ги отстрануваат нечистотиите што се акумулираат на лицето, а решението за тоа е пилинг на кожата два до три пати неделно. Кожата е полна со нечистотии и треба да се отстранат, а пилингот го прави тоа длабоко и многу темелно. Важно е пилингот што ќе го изберете да биде прилагоден на вашиот тип кожа. Можете исто така да користите сунгери за лице за подобар ефект.

· Креми за кожа

Според дерматолозите, ако вашата кожа е склона кон акни и воспалителни процеси, изборот на крем за кожа е многу важен. Во никој случај не треба да изберете креми кои се тешки и премногу мрсни, бидејќи тие ќе ја оптоваруваат кожата и ќе ги затворат порите. Најдоброто решение е прво да се консултирате со вашиот дерматолог, но кремот што ќе го одберете, секако, треба да биде лесен, течен, хидратантен и не многу масен, а се препорачуваат само производи од медицинска козметика.

· Редовни третмани од специјалист

Д-р Дин Робинсон верува дека технологијата за чистење и ревитализација на кожата достигна неверојатно ниво на ефикасност, а со тоа третманите и ласерите што се користат во модерната дерматологија даваат феноменални резултати. „Тие се целосно безболни. Траат многу кратко, вие буквално можете да ги направите за време на вашиот пауза за ручек, а резултатите се видливи по само неколку третмани“, тврди д-р Робинсон.

Третманите што се вршат на овластени клиники за дерматологија (многу е важно да ги изведува и надгледува специјализиран доктор) се препорачуваат за сите лица со проблеми со акни, но соодветната домашна нега е од еднаква важност, се согласуваат дерматолозите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi