Тик ток тренд: Трикот за совршени “бадемантил локни” се наоѓа во вашиот ормар!

17 мај, 2020
Portrait of cute lovely girl in casual outfit with modern hairdo sending blowing kiss with pout lips looking at camera  isolated on pink background. Affection feelings concept

Сега, кога повеќето од времето го поминуваме по дома, сите, од мајки до ќерки почнаа да ја користат Тик Ток видео апликацијата. Таа ги дава сите можни танцови предизвици кои ги гледаме на социјалните мрежи, пресмешни “местенки” и туторијали за убавина.

Сега кога салоните за убавина се затворени заради изолација, не е на одмет да прочепкате малце и да ги најдете идеалните совети за разубавување во време на карантин.

Најновиот трик кој станува сериозно вирален, наречен “бадемантил локни”, вклучува користење на каиш од бањарка за правење на совршени локни без преса.

Корисничката на Тик Ток, Bri Harmon (@bacardibri123) го сподели трикот на својата страница. Видео записот на малата Бри е прегледан повеќе од 1,2 милиони пати и собрал 230000 лајкови. Во видеото објаснува како за создавањето на фризурата, почнуваме со користење на појас од бањарка на врвот на главата, пуштајќи го да паѓа на страните. Потоа, косата се дели на два дела и се омотува околу појасот.

@bacardibri123

This is cringeworthy but 10/10 would recommend #fyp #foryou #DecadesofHair #coronavirus

♬ Buttercup – Jack Stauber

“Мислам дека постапката е слична како и кога правите француска кика. Едноставно правите кругови, собирајќи што повеќе коса. Понатаму, ја повторувате  постапката додека не дојдете до крајот. На крајот, косата ја врзувате во коњско опавче” – кажува таа во видеото.

Веднаш штом ќе завршите со “навиткувањето” на косата, легнувате да спиете. Следниот ден, го отстранувате појасот и ќе останете шокирани од совршените локни.

Други љубопитни корисници на Тик Ток прашувале дали користела некој производ пред да ја намота косата.

“Тоа всушност беше само мојата коса која ја немав допрено 2 дена” – пишува Бри во еден од коментарите. “ Не користев никакви производи, тоа беше само мојата природна коса – само беше малку влажна. Би ви препорачала малку да ја намокрите, но пазете да не биде мокра бидејќи тогаш, тешко би се исушила.”

Исто така, додала дека локните траеле скоро цел ден без лак за коса.

Гарен, славен фризер, објаснува дека оваа техника за стилизирање на косата која ги преплави социјалните медиуми е всушност покрупна верзија на локни отколку онаа со крпчиња. “Некогаш тоа така го нарекувавме кога родителите ќе ги испратеа на спиење своите деца со коса омотана околу крпчиња. Спиеле со полу сува коса која кога ќе се исуши, станува брановидна” – објаснува Гарен.

Што се однесува до стручните совети кога станува збор за  овој нов тренд, тој предлага да избегнувате употреба на појас од фротирка бидејќи е поприлично дебел, туку дека и малку потенок материјал ќе заврши работа. “Одвојте ја косата на четири дела, навиткајте ја косата наназад и оставете ја да виси како долга плетенка – кажува Гарен.

“Ќе создадете големи брановидни прекршувања наместо мали.

Гарен додава дека исто така може да искористите искинат чаршаф или платнени салфети ако немате појас, но да обрнете внимание на дебелината. “Ширината на ткаенината ги прави брановидните прекршувања поголеми” – потенцира Гарен.

Иако Гарен не користела производи за коса, Гарен кажува дека додавањето на некои производи пред виткањето, ќе помогне локните да траат подолго и да изгледаат подобро. “Додека вашата коса е мокра, нанесете производ по желба, потоа сушете ја косата до пола, за да остане влажна. Потоа, почнете со виткањето”- дополнува.

Исто така важно:

“Не го правете ова на нечиста коса, туку на чиста коса која е тазе измиена. Ова ќе ја спаси вашата коса од греење, тоа е стар начин на стилизирање на косата.”

Искрено, дури и да сте скептични, вреди да пробате зарем не. Не е дека немате време, а тоа што сте претежно дома, не значи дека вашата коса не треба да изгледа добро, зарем не?