Трик со мицеларната вода за полесно отстранување на вештачки трепки

26 јуни, 20200
trepki

Вештачките трепки може да се користат повеќе од еднаш, но под услов да ги исчистите од лепак, редовно чешлајте ги и пакувајте ги на посебно место, во посебна кутија.

Прво, внимателно отстранете ги трепките за да не ги оштетите вашите. Потопете памук во мицеларна вода или средство за отстранување на шминка базирано на вода и полека нанесете преку затворениот очен капак 30 секунди. Бидете сигурни дека користете само производи базирани на вода, бидејќи средствата за отстранување на база на масло ќе ја променат формата и бојата на трепките.

Ако претходно сте нанеле маскара на вашите трепки, исчешлајте ги со чиста четка за да отстраните вишок, така што трепките ќе траат подолго и ќе бидат убави, пишува 24 часа.

По отстранувањето, натопете ги трепките во сад со мицеларна вода, таа ќе ги стопи маскарата и лепилото. Оставете ги да впијат најмалку пет минути, а потоа извадете ги трепките од чинијата со пинцета. Ставете ги на чисто место, на салфетка или чиста кујнска крпа.

Подигнете ги трепките со показалецот и палецот и користете пинцети во другата рака за да го отстраните лепилото од лентата. Исплакнете ги трепките во нова мицеларна вода, исчистете, за да проверите дали лепилото е отстрането.

Ставете ги трепките на чиста крпа и оставете ги да се исушат целосно. Ова може да трае еден час или повеќе. Потоа, чешлајте ги за да ги задржите завиткани.

Бидете сигурни дека тие се целосно суви пред да ги спакувате, бидејќи во спротивно можно е да се појават бактерии или мувла .На крај, трепките повторно ставете ги во кутијата каде што сте ги чувале. Добра замена е кутијата за леќи.

Чувајте ги на чисто и темно место, така што тие не би ја менувале бојата или формата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi