Трикови кои ќе ви помогнат вратот да ви изгледа помладо

11 мај, 20200
vrat

Велат дека вратот е првиот дел од телото каде се забележуваат знаци на стареење. Кожата на вратот е потенка отколку на другите делови на телото и како да не е доволно, таа исто така има помалку лојни жлезди и затоа побрзо ја губи еластичноста. Да не ја споменуваме грешката што многумина од нас ја прават секој ден – нанесуваме крема за нега на лицето и го игнорираме вратот. Особено сме склони да го правиме тоа во младоста. Сепак, можно е да се бориме против стареење (или барем против неговите видливи симптоми). Еве неколку совети како да ја одржувате кожата на вратот млада.

Јадете храна богата со витамин Ц и масни киселини 

Витаминот Ц го стимулира производството на колаген што ја прави кожата еластична. Затоа е добро да внесете колку што е можно повеќе цитрус, домати и бобинки во вашата исхрана. Исто така, добро е да се јаде храна богата со омега-3 и омега-6 масни киселини: маслиново масло, сина риба, ореви и авокадо. Тие ја хранат кожата одвнатре и обично се неопходни кога станува збор за вашето здравје. 

Негувајте ја кожата на вратот редовно 

Како што рековме, многу жени забораваат на вратот додека нанесуваат крема. Не ви треба специјален крем, оној што го нанесувате на лицето исто така ќе биде добар, но треба да внимавате како го нанесувате. Движењата треба да бидат нежни и да одат одоздола кон лицето. Добро е да се вклучат во нега на вратот некои други процедури што ги правите на лицето како што се пилинг (и од вратот е потребно да се отстранат мртвите клетки) и да ставате маски за негување. Подобро е да користите нежни производи. 

Не претерувајте со употреба на парфеми

Парфемите содржат алкохол и други супстанции кои ја сушат кожата и ја прават помалку еластична. Доколку сакате да го освежите мирисот во текот на денот, не додавајте го повторно на вратот, туку само на облеката и зглобовите.

Накит

Тешките ланчиња јарастегнуваат нежната кожа на вратот, па затоа е подобро да ги носите само во специјални прилики. Од истата причина, избегнувајте ги choker ланчиња кои се многу тесни, особено ако тие се направени од синтетички материјал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi