Трикови кои видливо ги смалуваат стриите за шест седмици

23 октомври, 2020
2713e7d188e49d0392545f874ba0580cd24580ba

Стриите се незабележителни пукнатини на кожата кои ги има скоро секоја жена. Иако е скоро невозможно да се отстранат целосно, постојат трикови што можат да ги направат скоро невидливи. Следете ги следниве правила и резултатите ќе бидат видливи по неколку недели.


Масажа со масло

Нанесете маслиново, бадемово или кокосово масло во областа на кожата каде што се појавиле стрии. Масирајте ја областа со дланките или врвовите на прстите околу 5 минути. Повторувајте ја постапката секој ден пред спиење.


Пилинг

Навлажнете ја кожата и нанесете мешавина од маслиново, бадемово или кокосово масло и груба сол или шеќер за време на туширањето. Тријте ја кожата со дланките за да ги отстраните мртвите клетки и оставете да се регенерира.


Гел од алое вера

Ова волшебно растение има моќ да ја лекува и обновува кожата и се користи за изгореници и иритации на кожата. Нанесете гел од алое вера во областа на кожата погодена од стрии. Повторете ја постапката секој пат после туширање