Вежби за лице за лесен чекор во четириесеттите години!

14 јули, 20200
GettyImages-joga-lica-lepota-2-800x622

Човековото лице има 57 мускули, кое со нивно вежбање се затегнува кожата, ги чисти брчките и ја разубавува насмевката. Ако сакате да бидете свежи, одморени и вашето лице да зрачи, ви претставуваме десет вежби кои ќе ви помогнат во тоа. За оние под 40 години, се препорачува да прават јога за лице два до три пати неделно, додека оние над 40 години треба да ги засилат своите напори и труд три до пет пати неделно. Вежбањето на овој дел од телото ќе ви одземе 15 до 20 минути од вашето драгоцено време, што е можно и за време на работниот ден, без газдите да ве забележат. Во текот на првите три недели вежбите ги правите секој ден, а потоа во наредните два месеца правете ги по пет пати во неделата. Ако сте дисциплинирани, не ја прескокнувајте или одложувајте „јогата за лице“ затоа што сте премногу уморни, бидејки после четири до шест недели ќе забележите позитивни промени!

Што треба да знаете пред да започнете со вежбање
Пред вежбањето протријте ги дланките за да ги загреете. Ставете ги над затворени очни капаци и ќе почувствувате дека мускулите околу очите се релаксираат.

Вежба 1: Отстранете ги брчките од смеењето

Изговорете ја буквата О подолго време. Кога ја изведувате оваа вежба, позиционирајте ги усните над забите и насмевнете се.

Вежба 2: Опуштете го лицето

Вдишете низ устата, стиснете ги забите и усните истегнете ги при насмевка, а потоа издишете низ устата. Повторете ја вежбата два пати со времетраење од три секунди.

Вежба 3: Затегнете го подбрадокот

Насмевнете се, како да сакате да направите некоја гримаса. Вовлечете ја долната усна преку долните заби и држете во таа позиција од 20 до 30 секунди.

Вежба 4: Затегнете ги образите

Земете длабок здив низ носот и задржете две до три секунди. Наполнете ги образите со воздух и по две секунди издишете енергично низ уста.

Вежба 5: Испеглајте ги брчките околу усните

Наполнете воздух во образите како да дувате балон. Со средните три прста од едната рака притиснете ги усните, додека со другата рака го туркате воздухот од едниот образ до другиот. Држете 30 секунди, а потоа повторете го на другиот образ. Повторете по три пати на секоја страна.

Вежба 6: За целото лице

Насмевнете се и притиснете го местото помеѓу усните и носот. Повторете 20 пати.

Вежба 7: За образите и пределот на усните

Насмевнете се со подуени усни. Задржувајки ја насмевката, повлечете ги образите навнатре во лицето.

Вежба 8: За пределот на очите

Областа кај долните трепки притиснете ја нежно со показалецот и полека повлечете ја кожата со прстите. Останете во оваа позиција 30 секунди.

Вежба 9: Намалување на брчките на челото

Отворете ги очите најмногу што можете и гледајте во една точка пред вас неколку секунди. Потоа со кружни движења масирајте го челото.

Вежба 10: Лесен завршеток на вежбите

Вдишете низ носот, стиснете ги мускулите на лицето, потоа издишете исплазнувајки го јазикот надвор и погледнете нагоре. Повторете три пати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi