Во океанот полн со нашминкани девојки, изгледајте придодно со помош на оваа техника!

17 јуни, 20200
sminka

Изгледајте природно на плажа: Изедначете го тенот само со помош на коректор

Шминкерите тврдат дека е возможно.

Жените имаат тенденција веднаш да покријат сè што не треба да биде видливо на лицето со коректор. Многумина не би знаеле што да прават без него, особено при различни нијанси на лицето.

Верувале или не, само коректор е некогаш сосема доволно да реши сè, а професионалните шминкери откриваат неколку трикови за тоа како да го искористите најдобро, особено како супер лесна основа. Професионалните шминкери често користат трикови за делумно покривање на кожата на лицето само со употреба на коректор, бидејќи подлогата понекогаш е излишна, а тој е минималниот начин за да ја прекриеме кожата.

„Јас често користам само коректор, а количината зависи од состојбата на кожата и неправилностите. На тој начин, кожата може да дише, а на крајот користиме и помалку производи, иако е совршено рамномерна. – додаде шминкер од Лос Анџелес, Роберт Сеснек.

Сепак, овој начин на покривање на тоновите на лицето понекогаш бара повеќе од една нијанса на коректор бидејќи лицето има нерамномерна боја.

Познат шминкер предлага кремаста формула за пределот под очите и формула за целосна прикривност околу носот, центарот на лицето или образите “. Шминкерот Томи, од ,Њујорк, на ова додава дека густите течни коректори се идеални, и дека нема да го постигнете истиот ефект доколку користите повеќе слоеви од редок полесен коректор. Делина Медин се согласува со нив, истакнувајќи дека на човекот генерално не му е потребна толкава прикривност.

Многу делови од лицето немаат потреба да се прикријат во целост, па најдобро е во тие делови да го измешате коректорот со крем за лице и така да изедначите.

Експертите истакнуваат дека најпрактично е да се користат две нијанси на прикривач како би се изедначил тенот. Првата нијанса е погодна во пределот на носот, кај одредени црвенила и дамки, а пак втората е за посветлите области на лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *