Време е да направите ред во козметичкиот несесер!

8 април, 20200
sminki

Чистиот и организиран простор има многу придобивки – покрај тоа што помага да заштедите драгоцено време додека се подготвувате (не трошите минути и / или часови во потрага по оној кармин скриен меѓу десетици други), исто така нè прави порелаксирани отколку што би биле. Поточно, постојат неколку студии кои велат дека нередот може да ja зголеми анксиозноста.

Ако и кај вас, како и кај многу други, деновиве, конечно пристигна времето да ги исчистите вашите козметички производи, еве неколку работи од кои дефинитивно треба да се ослободите, без разлика колку и да ви е тешко за некои производи!

Производи со поминат рок.

Шминката и производите за нега на кожата не траат вечно. Проверете го датумот на истекување на амбалажата и исфрлете го секој производ и покрај датумот доколку забележите необичен / непријатен мирис. Употребата на кој било производ со поминат рок може да предизвика иритација на кожата.

Шминка што не одговара на тонот на вашата кожа.

Нема смисла да чувате пудра што е премногу светла или премногу темна за вашето лице. Се разбира, сè уште можете да ги направите употребливи со мешање на една со друга нијанса, но ако сметате дека овој чекор е напорен или комплициран, подарете ги на пријателка или сестра. Или само фрлете ги!

Производи што не сте ги користеле со години.

Настрана од фактот дека е многу веројатно да им е поминат рокот на траење, овие неискористени или едвај допирани производи само ви покажуваат дека не ви се потребни во вашиот живот. Обидете се и запомните каков е производот и зошто не сте користеле, за да не се случи да ја повторите истата грешка и да купите повторно нешто што никогаш нема да го користите. Како на пример палетата на неонски сенки, која со месеци е во вашата фиока, сосема нова и недопрена.

Производи кои не одговараат на вашиот тип на кожа.

Ако одреден производ ве иритира на кој било начин, резултира со осип на кожата или други негативни ефекти, ова е најгласниот можен аларм дека треба да го отстраните од вашиот дом засекогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi