За порцелански изглед на вашето лице: Ние ви нудиме совети за шминкање на бледа и светла боја на кожа

21 јуни, 20200
category_makeup_2_840x400-1nea3

Тенот игра многу важна улога кога станува збор за избор на шминка. Одредени трендови ќе ви одговараат добро, други и не толку многу. Се разбира, тоа не значи дека треба да се откажете. Професионалните шминкери велат дека треба само да ги прилагодите и да ги изберете вистинските нијанси.

Подгответе ја кожата со фактор крема

Иако не е шминкерски совет, луѓето со светла боја на кожа треба, како задолжителен дел од рутината, да нанесат крем со заштитен фактор. Овој совет се однесува на СИТЕ тонови на кожата, но дамите со бледо лице се повеќе склони кон изгореници од сонце.

Изберете пудра со послаба покривна моќ

Кога станува збор за шминкање на посветла боја на кожа, тешките пудри можат да изгледаат неуредно. Уметниците за шминкање ве советуваат да користите течни пудри, со послаба покривна моќ, а понекогаш и само коректор, на места каде што е потребно. Со лесни формули, вашата кожа ќе изгледа поздраво, а вашиот тен ќе биде сјаен, односно посвеж.

Усни во знакот на “nude” кармините

Ако се прашувате какви бои одговараат на усните, ако имате блед тен, шминкерите секогаш ќе препорачаат да си  поиграте со “nude” палетата. Розова, кафеава, како и кармини и сјајеви во месо боја, се боите што најдобро одговараат на вашиот тен. Се разбира, дури и ако сакате да носите црвен кармин, експертите велат дека е сосема во ред, но внимавајте остатокот од шминка да биде посуптилен.

Кафената боја е новата црна

Знаеме дека повеќето практикуваат да користат црн ајлајнер и црна маскара. Сепак, ова може да создаде прегруб контраст на вашата кожа. Наместо црн, обидете се со кафеав или сив ајлајнер или кафеава маскара. Овие тонови ќе изгледаат “помеко” на вашата кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *