Заборавете на маскарата – три домашни трикови за густи и долги трепки!

17 јули, 20200
trepki

Веројатно нема жена која не сонува да има долги и густи трепки, но без да нанесува маскара. Со малку напор, со неколку природни препарати, можете да го постигнете тоа.Првиот и најважниот предуслов е да ги избришете вашата шминка и маскара секоја вечер пред спиење.

Рицинусово масло

Добро измешајте лажица рицинусово масло и лажица екстракт од ванила и нанесете ги на трепките со чиста четка за маскара.

Маслиново масло или вазелин

Еден од најефикасните трикови за забрзување на растот и подобрување на квалитетот на трепките е да нанесете маслиново масло или вазелин на нив и да ги оставите така цела ноќ. Следното утро измијте се.

Витамин Е

Витаминот Е е друга состојка позната по своите својства за побрз раст на трепките. Нанесувајте масло од витамин Е на трепките два пати на ден со помош на памучни брисеви. Се препорачува да нанесете наутро, пред да се нашминкате и уште еднаш во вечерните часови по отстранување на шминка.Првите резултати треба да ги забележите после околу десет дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *