Употребата на марихуана во текот на бременоста поттикнува развој на аутизам кај децата

18 август, 20200
11105850665f3258b689078571721005_v4 big

„Жените кои користеле канабис за време на бременоста имаат 1,5 пати поголема веројатност да имаат дете со аутизам“, рече авторката на студијата д-р Дарин Ел-Шар, клинички истражувач во Институтот за истражување на болниците во Отава во Канада.

„Ние крајно го обесхрабруваме користењето канабис за време на бременоста и доењето“, рече таа.

Досегашните студии покажаа дека употребата на марихуана за време на бременоста е поврзана со мала тежина при раѓање, импулсивност, хиперактивност, нарушување на вниманието и други когнитивни и проблеми со однесувањето кај децата, соопштија Центрите на САД за контрола и спречување на болести.

„Врз основа на тоа, јас не сум премногу изненадена од нашите откритија“, рече Ел-Шар.

Студијата испитала 2.200 жени кои рекле дека користеле само марихуана за време на бременоста, односно без употреба на тутун, алкохол или други опијати.

Студијата не опфаќа количина и вид на марихуана што жените ја користеле за време на бременоста. И додека студијата може да покаже само поврзаност, а не причина и ефект, истражувачите велат дека тие дадоа се од себе за да ги отстранат збунувачките фактори.

Употребата на марихуана расте за време на бременоста

Бидејќи марихуаната станува легална и поприфатлива на социјално ниво, здравствените истражувачи се загрижени што мајките кои мислат дека е безбедно да се користи како третман за утринските мачнини или да го користат ова растение рекреативно и покрај недоволно истражување за долгорочните ефекти на марихуаната врз фетусот.

Жените, исто така, одлучија да користат марихуана за да избегнат лекови што сметаат дека се поштетни за нивното дете, како што се апчиња за гадење и антипсихотици, се вели во една мала студија за бремени жени водена од истражувачи од Универзитетот во Вашингтон.

Ел-Шар рече дека идните мајки ја наведуваат контролата на болката како најчеста причина за употреба на марихуана.

„Помага при различни состојби што мајките можат да ги имаат или заради гадење во бременоста“, рече Ел-Шар.

„Некои луѓе велат дека го користат за регулирање на спиењето или за намалување на стресот. Други го користат рекреативно; тоа е само дел од нивната рутина“, додаде таа, како што е соопштено од Си-Ен-Ен.

Употребата на марихуана кај бремени жени расте во САД во последните децении. Анализата минатата година на над 450.000 бремени жени на возраст од 12 до 44 години од страна на Националниот институт за злоупотреба на дрога откри дека употребата на канабис е удвоена меѓу 2002 и 2017 година.

Огромното мнозинство на употреба на марихуана било во првите три месеци од бременоста, покажала студијата и претежно било рекреативно, а не медицинско. Сепак, првите три месеци можат да бидат еден од најчувствителните периоди за развој на мозокот на фетусот, а тогаш тој е најчувствителен на оштетување, рече Ел-Шар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi