Вака изгледа живот со параноидна шизофренија! (ФОТО)

7 август, 20200
рејчел

Кога Рејчел Стар Витерс била дете, таа гледала демони насекаде околу неа. Така ја разбирала светлината која навечер влегува во нејзината соба, дрвото и се смеело во лице, работите се поместувале….Се борела да го разбере тој ужасен и искривен свет околу себе.

Едиствениот спас таа го барала во црквата, каде свештените лица се сложиле дека се работи за демони.

Додека била дете Рејчел мислела дека сите така го гледаат светот. Но во средно училиште сфатила дека тоа не е така.

Таа почнала да покажува симптоми на депресија и бес, па нејзините родители ја однеле на лекар. Но проблемот бил во тоа што таа, мислејќи дека на сите им се случува истото, не зборувала со своите родители и лекарите за она што ја мачи.

Халуцинациите и насилните мисли станале се поголеми, поинтензивни и повознемирувачки од било кога. Цело време размислувала за самоубиство.

Наставничите во училиште и правеле егзорцизам, кој се разбира, бил неуспешен.

Халуцинирала постојано и будна и додека спие. Се повредувала, си го сечела лицето, бидејќи секогаш кога ќе се погледнела во огледало се гледала без лице.

Тогаш им кажала на родителите кои ја однеле на психијатар. Тој дијагностицирал тежок облик на параноидна шизофренија и и препишал лекови.

Денес таа има 35 години, завршила факултет, работи како професионална каскадерка, но и понатаму има халуцинации. Бидејќи формата на нејзината болест е тешка и ретка, таа не реагира целосно на лековите и никогаш нема да се ослободи од привиденијата. Но, ситуацијата е ставена под контрола и таа е свесна за реалниот живот околу неа.

Сепак, доколку разговарате со Рејчел, никогаш нема да бидете сигурни дали таа халуцинира или е свесна.

За да си го исполнува времето и да ги избегне халуцинациите, Рејчел има свој Youtube канал, каде им дава поддршка на сите кои се во слична ситуација и се обидува на јавноста да и покаже како нависитина изгледа шизофренијата.

Оваа болест мора да се држи под лекарски надзор и терапии, бидејќи пациентите се секогаш изложени на илузии, неповрзани мисли, неповрзан говор, неконтрилирано однесување и халуцинации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi