Вака супермоделите го негуваат нивното лице: Maската од само 3 состојки е нешто најдобро за вашиот тен
Најубавите жени во светот полудеа за оваа маска, затоа одлучивме да ви ја откриеме тајната за да ја пробате…
Не мора да одвојувате голема сума на пари за да го решите проблемот со мрсна и проблематична кожа. Оваа едноставна маска можете да ја направите сами, а состојките ги имате во вашата кујна.
Ако им веруваме на супермоделите, ваквите маски имаат многу подобар ефект на кожата отколку оние купените, така што дефинитивно немате оправдување ВЕДНАШ да не ја испробате. Всушност, манекенката Џордан Дан во интервју за списанието „Гламур“ откри рецепт за маска од само три состојки што таа и нејзините многубројни колешки од пистата редовно ја користат, а сега можете да ја направите и вие.
Се што ви е потребно за оваа маска е јогурт, мед и лажичка куркума.
Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса која треба да биде жолта боја, поради куркумата. А, куркумата има анти-воспалителни ефекти,поради што е одлична во борбата против акните и темните кругови околу очите и и дава на кожата блескав изглед.
Користете ја маската два пати неделно пред спиење, а Џордан има еден совет за нејзина примена:„Откако ќе отстои на лицето (околу десет минути), измијте го двапати, за да не оставите дамки на постелнината “, предупредува моделот.