Имате чувство дека вашиот партнер си поигрува со вас? Не е ни чудно доколку е еден од овие хороскопски знаци

4 јуни, 20200
zodiak

Понекогаш се запрашуввате дали партнерот намерно ве провоцира или поигрува со вас, за да провери колку ви е силна врската и љубовта или тоа е негова вистинска природа, од која не може да се побегне.

Некои од хороскопските знаци ги имаат овие карактеристики повеќе од другите, и сакаат да кокетираат со други иако се во љубовна врска. Понекогаш нивната природа ја кријат со изговорот дека на тој начин ја покажуваат својата љубов. Еве кои се тие знаци:

Близнаци

Близнаците скоро секогаш кокетираат со други и се склони да го покажуваат тоа каде и да се појават, што е навредливо за партнерот. Освен тоа овој знак е од заљублива природа и се заљубува штом му се допадне една особина кај некоја личност.

Вага

Вагите сакаат да ги задоволуваат на другите, па ќе направат се за нивниот партнер. Поради тоа често погрешно одлучуваат на штета на себе си, па поради тоа често знаат да бидат искарани од оние на кои им значат.

Стрелец

Нивен најголем страв е губењето на слободата, па и на врската гледаат како на губење на независноста. Склони се да инсистираат партнерот да им докаже дека не ја изгубиле слободата, а кога ќе осетат дека некој ги „гуши“, без проблем ќе излезат од врската.

Шкорпија

Штом сериозно се посветат на нешто тие на се гледаат поинтензивно и сакаат што подлабока врска. Поради тоа често го тестираат партнерот, да проверат дали тој е подеднакво посветен на заедничката цел.

Риби

Дури и кога е потребно размислување во однос на носење на некоја одлука, рибите ќе го послушаат своето срце. Често ќе „играат и игри“ со што ќе ги наведуваат другите да бидат кокетни во друштвото на нивниот партнер, за да може себе да се претстават како „фер играч“ за разлика од други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *