Важно е да знаете: како правилно се чистат пластична и дрвена даска за сечење!

1 мај, 20200
даска

Даската за сечење е еден од најупотребуваните предмети во кујната. Но, доколку не знаеме правилно да ја користиме и одржуваме, таа може да стане закана за нашето здравје.

Избегнувајте ја машината за миење садови

Бидејќи дрвената даска (а и сите други дрвени предмети) е од органско потекло, треба да се избегнува да се мие под жежок млаз со вода, а во комбинација со средството за миење садови може да предизвика пукање на дрвото. Ако сакате правилно да ја измиете дрвената даска, измијте ја со малку течно средство за миење садови, исплакнете ја со топла вода, избришете ја со крпа и ставете ја да се исуши во исправена положба.

Доколку даската има вдлабнатини треба повеќе да внимавате. Ја миете и од двете страни, иако сте сечеле само на едната страна. Сепак соковите преду дупките можат да продрат и до другата страна и да ја контаминираат.

Природни методи на чистење

Ако сакате да го избегнете користењето на хемиски средства при чистење на дрвена даска, можете да се послужите со сол и лимон. Посипете сол по даската и тријте со половината од лимонот. Потоа оставете ја даската неколку минути, па измијте ја со топла вода.

За да се задржи долготрајноста на дрвената даска можете да ја премачкате со масло. Можете да користите пчелин восок, оревово масло или бадемово масло.

Како да ја исчистите пластичната даска за сечење?

За разлика од дрвената, пластичната даска можете да ја миете во машина, но секако подобра опција е рачно да се мие. На тој начин и се продолжува векот на траење. Доколку сакате да ги отстраните масните дамки на природен начин можете да користите смеса направена од една лажица сода бикарбона, една лажица сол и една лажица вода. Откако ќе ја исчистите даската на овој начин, поставете ја така да биде изложена директно на сончеви зраци за да можат дамките дополнително да избледнат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi