Ве мрзи да ја миете косата?Со овие фризури ќе “купите” некој ден плус!

23 мај, 2020
коса

Ако малку се опуштивте во изолација и косата ја миете поретко од вообичаено, можете да искористите неколку фризури со кои косата нема да изгледа масна.

Пробајте ги овие четири фризури кои нема да ви одземат многу време, а ќе изгледате сјајно.

Висока пунџа

Трикот е малку да ја истапирате косата пред да ја фатите во пунџа.

Високо репче

На предниот дел од главата нанесете зацврстувач, а репчето нежно истапирајте го за да делува побујно.

Шноли

Најдобро е да ја врзете косата, на предниот дел да ставите масло или зацврстувач и да ставите шноли или чешлиња, со кои ќе го одвлечето вниманието од недостатоците.

Плетенки

Секогаш се добар начин да ги прикриете недостатоците, без разлика дали се работи за нечиста или ретка коса. Од половина на главата истапирајте ја нежно косата пред да ја сплетете.