Вечерва можеме да спиеме еден час подолго, но еве како поместувањето на стрелките влијае на нашето здравје

24 октомври, 2020
clock-52072351920-830x0

Утре може да се чувствувате уморни и да имате зголемен апетит. Не грижете се, тоа е нормално

Вечерва го поместуваме часовникот наназад и преминуваме на зимско сметање на времето. Ова е можеби последен пат кога ќе ги поместиме стрелките, затоа што треба да се вратиме на „зимското време“ засекогаш од 2021 година. Сепак, вечерва ќе спиеме еден час подолго. За сите спијачи, ова е дефинитивно најдобрата можна вест. Сепак, се поставува прашањето дали овој поклонет час лошо влијае на нашето тело?

Поради пократкиот ден и недостаток на дневна светлина, можно е некои почувствителни луѓе да се чувствуваат уморни, летаргични, да имаат посилен апетит, нарушувања на спиењето и зголемена желба за консумирање слатки.

Секоја промена или нарушување во нашиот природен циклус може да предизвика и намалена продуктивност и губење интерес за работа. Во овој период, ние често стануваме повеќе подложни на болести и сме повеќе уморни.

– Секој пат кога ќе го поместиме времето, тоа има влијание врз нашиот организам, бидејќи природниот часовник на нашето тело не се прилагодува веднаш на менувачкиот часовник – изјави д-р Нада Макура, поранешен портпарол на Службата за итни случаи.

Бидејќи на биолошкиот часовник му треба време да се прилагоди на „пореметениот будилник“, не треба да ве изненадува ако утре почувствувате силен замор, поспаност, па дури и срцеви проблеми кај постарите лица.

Патем, лекарите ширум светот дебатираат дали времето воопшто треба да се промени, токму поради потенцијалните здравствени проблеми. Можно е ова да биде последен пат кога го правиме тоа, па дури и ако почувствувате некои од овие проблеми, не грижете се, тие најверојатно нема да се повторат.