Вечни дилеми: Дали знаете кога е вистинското време да се „опуштите“ во врската и да бидете тоа што сте?

18 септември, 2020
наслов

Едно истражување покажало кога треба да ја оставите четката за заби кај вашиот партнер, да го запознаете со вашите пријатели, и многу други работи

Влеговте во врска, добро се снаоѓате, така да се каже, сè оди како што треба.

Но, во одреден момент е неизбежно е да не се постави прашањето, кога е вистинското време да се „опуштиме“ малку за некои работи.

Можеби често останувате кај вашиот партнер и сакате да се ослободите и да не ја носите четката за заби секој пат.

Од друга страна, постојат дилеми за некои малку поголеми работи. Многу луѓе се прашуваат кога е вистинско време да го запознаете вашиот партнер со вашите родители или пријатели, по колку време е прифатливо, па кога треба, верувале или не да вршите голема нужда во станот на партнерот (некои дури и апстинираат со години).

Студија во која учествуваа над 2.000 луѓе, покажа колку време е потребно во просек и за мажите и за жените да започнат да прават различни работи едни пред други.

Па ајде да одиме по ред:

1. Потребни се 3 до 4 месеци да го претставите партнерот со пријателите.

2. Да ​​делите храна од иста чинија, 4 месеци.

3. Да ​​бидете без шминка пред партнерот, 5 месеци.

4. Да ја оставите четката за заби кај партнерот, 6 месеци.

5. Стоп за депилација (бричење нозе, итн.), 12 месеци.

6. Веќе не се облекувате за да го импресионирате својот партнер, 12 месеци.

7. Земете го телефонот на вашиот партнер, 12 месеци.

8. Да си дозволите по некој килограм повеќе, 15 месеци.

9. Да вршите нужда во станот на своето момче или девојка, од 5 до 7 месеци.

10. Побарајте ги клучевите од станот на вашиот партнер, од 12 до 14 месеци.

11. Позајмете ја неговата облека, од 5 до 6 месеци

12. Да не правите „генералка“ во станот пред да дојде, од 6 до 8 месеци.

13. Да вршите нужда со отворена врата, 10 месеци

14. Да бидете целосно голи пред вашиот партнер, со вклучени светла, од 5 до 8 месеци.

15. Ослободете го “гулабот”, 9 месеци.

16. Да му кажете на вашиот партнер дека има лош утрински здив, 8 месеци.

Пресврти во врската

И мажите и жените имаат прилично слични временски очекувања во однос на првите неколку пресвртници. Двете страни се согласуваат дека им требаат околу 6 месеци пред да ги запознаат своите семејства и 9 месеци пред да одат заедно на одмор. Но, подоцна, девојчињата забавуваат. Потребни им се околу 17 месеци да се преселат заедно (додека на мажите им требаат 15 месеци), 22 месеци да се свршат (мажи околу 19 месеци) и 2 години и 9 месеци да стапат во брак (додека мажите се подготвени да стапат во брак по 2 години и 5 месеци во врска).

Најголемите приговори во односите во една врска се донекаде слични:

Мажите најмногу мразат кога нивната партнерка:

Лаги (50 проценти од мажите)

Се жали (46 проценти од мажите)

Додека жените најмногу мразат:

Лаги (забележани од 62% од жените)

Игнорирање (според 44% од жените)

Излегува многу (според 42% од жените)

И, како се чувствувате? Дали се согласувате со истражувањето? Колку време ви требаше да се опуштите со вашиот партнер?