Вештачки засладувачи – штетни или не? Тоа зависи со што ги комбинирате

9 април, 20200
засладувачи

Вештачките засладувачи веќе некое време се контроверзна тема – постојат студии кои сугерираат дека тие се исто толку лоши како шеќерот, додека други го покажуваат спротивното. Но, новите истражувања покажуваат дека тоа зависи од начинот на кој се консумира.

Ајде да се фокусираме на основното прашање – дали вештачките засладувачи делуваат врз контролата на дебелината и дијабетесот? Конфликтните информации дефинитивно не се корисни за оние кои мораат да ја контролираат својата исхрана, и ако половина од студиите се погрешни, како да знаеме на која половина да и веруваме?

Според професорот Дан Смал од универзитетот Јеил, никој од научниците не греши, тие само тестираат различни околности. Во неговата студија, испитаниците испиле овошни пијалоци што содржат сукралоза, шеќер или сукралоза и малтодекстрин (јаглехидрати без сладок вкус). Потоа, тој ја тестирал телесна чувствителност на инсулин и гликоза, а скеновите на ФМРИ откриле и промени во реакцијата на мозокот.

Се верува дека овие промени можат да предизвикаат луѓето да консумираат високо-калорична храна и истите да пречат во способноста на организмот да процесира што прима. Во некои студии за животни, засладувачите ја намалиле можноста да чувствуваат природно слатка храна, што доведува до дополнителна консумација за се добие истото ниво на награда.

Последователните тестови покажале дека малтодекстринот не произведува ниту еден од овие ефекти сам по себе; проблематична била само комбинацијата. Во претходните студии ретко бил вклучуван малтодекстринот, но честопати се засновале на употреба на вештачки засладувачи во комбинација со друга храна богата со јаглехидрати.

Смал верува дека проблемот не е во вештачките засладувачи, па така диеталната Кока Кола не претставува проблем доколу не ја пиете во комбинација со нешто друго, како ни кафето со вештачки засладувачи, но проблемот се јавува ако јадеме нешто природно богато со јаглени јаглехидрати, како брза храна и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi