Вистина или мит? Мажите со оваа карактеристика се подобри во кревет?!

22 ноември, 2020
61988816-par-krevet-seks

Многу фактори влијаат на тоа каков љубовник е мажот и дали интимната врска ќе биде добра или лоша.

Според една студија објавена во списанието Socioaffective Neuroscience & Psychology, една доблест сугерира дека мажот може да биде добар љубовник.

Истражувајќи го сексуалното минато на жените, експертите се обиделе да утврдат со кои партнери имале најдобар сексуален однос и редовно достигнувале кулминација.

Во студијата учествувале жени до 69-годишна возраст кои не се во врска или брак бидејќи експертите сметале дека жените во врска би се чувствувале обврзани да дадат подобра оценка на нивниот сегашен партнер дури и ако реално не го заслужуваат тоа. На 70-минутно тестирање, испитаниците одговориле на разни прашања во врска со нивниот сексуален живот, а врз основа на нивните одговори, истражувачите откриле дека имаат најдобра сексуална врска со – хумористични мажи.

Смислата за хумор се покажа како одличен предиктор за сексуалните вештини затоа што укажува на тоа дека мажот е опуштен во разни ситуации, вклучително и интимни, што е важно за добра комуникација помеѓу партнерите и на крајот добар секс.

Меѓу другите квалитети беше и креативноста. Мажите кои се креативни во други области од животот полесно ја изразуваат својата креативност под чаршавите. Мажите со овие квалитети покажаа поголем интерес за сексуално задоволство на своите партнери отколку мажите кои не ги поседуваат.

escort - Korsan taksi