Вистинска нега за вашата коса: Како да направите домашен шампон за суво миење

1 јуни, 20200
imageedit_60_8111126441

Бројните комерцијални шампони кои ја носат етикетата на „суви“ шампони содржат многу непотребни хемикалии кои можат да ја уништата вашата коса, правејќи ја тенка и кршлива.

За да ја избегнете штетата, ви предлагаме да ја разубавите со домашен шампон за суво перење, кој е совршен за решавање на маснотијата додека ја прави вашата коса поздрава.

Освен тоа, честото миење на косата доведува до исушување на влакната, односно губење на природните масла од косата благодарение на кои косата изгледа здраво. Наизменичното користење на сув шампон и миење на косата е начин да се одржи потребната рамнотежа.

Доколку сте многу уморни за да ја миете косата, или брзате некаде и немате време за тоа, сувите шампони се одличен избор.

Состојките за сув шампон се следните:

  • ½ шолја дестилирана вода
  • 2 лажици прав од моркови
  • 2 лажици водка
  • 3 капки есенцијално масло од лаванда
  • 3 капки есенцијално масло од рузмарин
  • Шише за распрскување

Како да го нанесете?

Нанесувајте го прамен по прамен во слоеви, избегнувајќи го самото теме на главата и краевите. Оставете да делува неколку минути и потоа поминете со прстите низ косата за да ја обликувате. На крај, користете чешел со ретки запци.

Овој шампон е и совршен за жени кои имаат фарбана плава коса, бидејќи освен тоа што ќе ја тргне маснотијата на косата, совршено ги покрива пораснатите темни корени, на тој начин продолжувајќи го траењето на вашата фарба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi