ВНИМАВАЈТЕ СО БОЈАТА ЗА КОСА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА: Фризерите известуваат за чудни реакции и предупредуваат – може да биде фатално за вашето здравје!!!

26 септември, 2020
shutterstock_1728498199

Постојат случаи кога клиентите кои биле позитивни на Ковид-19 имале силна чувствителност на бои за коса со кои претходно немале проблеми

Ако сте го прележале Ковид-19 и сега планирате да ја обоите косата, ова предупредување на фризерот може да ве одврати од тоа. Имено, можни се опасни ефекти од бојата за коса врз преживеаните од коронавирусот, со потенцијални фатални реакции.

Лондонскиот фризерски салон „Shine Holistic“ сега бара од оние кои имале Ковид-19 да ја тестираат бојата на мал дел од главата пред да ја обојат целата коса и да чекаат најмалку 48 часа за да проверат дали има алергиски реакции.

„Од разговорите со салони низ целата земја, откривме случаи кога клиенти кои имале позитивни тестови на Ковид-19 имале силна чувствителност на бои за коса со кои порано немале проблеми. Од оваа причина, ако сте имале коронавирус, со или без дијагноза, ве советуваме да направите тест 48 часа пред да ја обоите косата или веѓите за да се заштитите од потенцијална преосетливост “, стои на Фејсбук страницата на салонот.

Нема официјални податоци

Сепак, Националната федерација за коса и убавина тврди дека не е спроведено доволно истражување за да ги поддржи овие тврдења.

„Бидејќи Ковид-19 е целосно ново заболување, немаме доволно достапни научни податоци за да знаеме дали може да влијае на алергиски реакции“, изјави портпаролот на федерацијата за „Сан“.

Ако се сомневате на алергија

„Ако клиентот развие алергиска реакција при боење на косата, фризерот треба веднаш да престане да нанесува боја и да ја исплакне косата на клиентот темелно. Тој треба веднаш да добие медицинска помош доколку се развие: осип, вртоглавица, несвестица, отежнато дишење или оток “, додаде тој.

NHS советува секогаш да правите тест за преосетливост на помал дел од главата пред да користите трајна или полутрајна боја на коса. Ако се појави иритација или се чувствувате лошо по тестот, не користете го производот.

escort - Korsan taksi