Водечките светски дизајнери пронајдоа инспирација за новата сезона во времето кога не постоел минимализам

6 април, 20200
moda

Утилитарниот концепт на облекување во креации што личат на униформи (кој е еден од идните модни трендови) има своја противтежа: стил инспириран од ренесанса, барок и рококо, историски периоди во кои минимализмот беше непознат термин.

Свечените и формалните фустани и ноќници на кралицата Ен Болејн, втората сопруга на кралот Хенри VIII, кои се чувани во британскиот музеј пленат со деталите и исклучителното величество.

Нејзината гардероба го инспирираше францускиот дизајнер Николас Гескеиер, креативен директор на Луи Витон, да создаде колекција на богато избрани здолништа, кошули и везени јакни.

„Ја дизајнирав линијата за да ги испочитувам вештините на поранешните кројачи, но признавам дека е малку реалистичка“, кажа дизајнерот во интервјуто на почетокот на март, кога беше невозможно да се замисли дека заради пандемијата на вирусот Ковид-19, потребата да се избега од реалноста би била – реалност.

Поборник на утопијата е неговиот колега Пјерпаоло Пикчиоли, главниот креатор на Валентино, кој не се согласува со тоа дека таквиот тип на облека ќе преовладува во блиска иднина.

„Целта на модата е да им дадеме на сите можност да излезат од секојдневниот живот“, истакна дизајнерот, чиј најинспиративен историски период му е барок. Креаторот на Гучи, Алесандро Микеле, мисли на истиот начин, наместо иновативни дизајни и материјали, тој нуди комбинации на облека инспирирани од различни епохи.

„Ова е пост-апокалиптичен стил по мерка на генерацијата Y“, се пошегува дизајнерот по настапот.

Но, можеби не станува збор за шега, туку за едно од решенијата за спречување на хиперпродукцијата на текстилот (се произведуваат од 80 до 100 милијарди алишта секоја година, а се фрла околу дваесет тони) што е штетно за животната средина и ги осиромашува природните ресурси. Наместо да купувате нови производи од недела до недела, постојната гардероба може да се комбинира во стилот на минатите епохи, во кои веќе важеше правилото „повеќе е повеќе“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi