Возрасните личности со акни се подепресивни од адолесцентите!

27 мај, 20200
akni

Студијата објавена во списанието “American Academy of Dermatology”откри дека акните можат да бидат поврзани со ризик од депресија и вознемиреност, состојби кои се јавуваат почесто кај возрасни отколку кај адолесценти.Претходните истражувања не ја покажаа поврзаноста, иако лекарите, па дури и пациентите, предупредуваа дека таа постои, тврдат истражувачите.Авторите на студијата, која вклучува 42 претходно познати студии за акни и ментално здравје, ги повикаа лекарите да ги вклучат и акните во симптомите кои можат да укажат на тој проблем.Депресијата и вознемиреноста не се невообичаени за тинејџерите и возрасните кои имаат акни. Ниту една студија до денес не воспостави конечна врска, бидејќи докажувањето поврзаност помеѓу акните и менталното здравје може да биде многу тешко.

„Постојат безброј други фактори кои можат да влијаат на двата проблеми. Оваа врска може да се открие само кога ќе се споредат сите овие студии, со набудување на зачестеноста на двата симптома “, објаснуваат авторите.

„Ова одговара на прашањето дали акните се поврзани со депресија и вознемиреност“, вели авторот на студијата и професор по психологија, Даниел Самуелс.

Во оваа студија, лекарите се повикуваат да ги третираат акните како еден од симптомите на проблеми со менталното здравје и да размислат за упатување на пациенти на психијатар и евентуална терапија.

„Живееме во култура која е прилично фокусирана на физичкиот изглед. Имањето акни може да биде проблем затоа што лицето е истакнато и може да доведе до психолошки проблеми. Луѓето со акни дефинитивно ги чувствуваат во одреден момент “, вели главниот автор на студијата.

„Претходните студии откриле поврзаност помеѓу акните и депресијата, но не покажале значајна поврзаност меѓу нив“, вели Кетлин Суози, доцент за дерматологија на универзитетот Јеил, која не учествуваше во студијата.Таа исто така верува дека оваа студија покажува силна врска помеѓу акните и депресијата, но и вознемиреноста и додава:„Ова истражување треба да ги охрабри пациентите со акни да се консултираат со дерматолог за третман, бидејќи подобрувањето на нивната состојба на кожа може да доведе до подобрување на менталното здравје“.

Кога професорката Самуелс започна со анализата, таа беше изненадена кога виде дека студијата посочува дека врската помеѓу акните и анксиозноста е поголема кај возрасните отколку кај тинејџерите.Таа очекуваше спротивно, бидејќи адолесценцијата е период кога се развива самосвесност и претпоставува дека акните би биле поголем проблем за тинејџерите отколку кај возрасните.„Сепак, ако земете предвид дека околу 85% од адолесцентите ќе имаат акни во одреден момент, без оглед колку е непријатно и се чувствувате лошо, знајте дека не сте сами. „Кога станува збор за возрасни, акните не ви помагаат да се чувствувате блиски со своите врсници и може да доведат до повеќе мачни чувства“, смета професорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi