Врски кои функционираат, но се сосема различни: 6 разлики меѓу животниот партнер и сродната душа

30 мај, 20200
1232

Иако и двете типови на врски се добри, имаат неколку клучни разлики кои ни значат различни работи во животот.

Сродните души се личности со кои веќе на прв поглед знаеме дека се надополнуваме меѓусебно, односно оние луѓе кои од прво запознавање, имаме чувство дека ги знаеме цел живот. Но, тоа не мора да бидат само нашите романтични партнери – тоа може да бидат родители, деца, пријатели.

Од другата страна, животните партнери се личностите со кои сме поврзани и го градиме целиот наш живот заедно. Со животниот партнер можеш да бидеш до крајот на животот и нема ништо лошо во тоа. И така, постојат разлики меѓу овие два типа на важни личности во нашите животи:

Сродната душа доаѓа со лекција, а животниот партнер е поддршка – сродните души се овде да нѐ научат некоја важна лекција. Иако таа можеби изледа едноставно, обично не е лесна за совладување. Овде обично се работи за нешта како простување, прифаќање на разликите, поставување лични граници и слично.

Животните партнери обично се овде за поддршка, секогаш до нас да ни пружат љубов кога ни треба.

Сродната душа те познава подлабоко од животниот партнер – сродната душа те познава однатре. Твојот животен партнер можеби знае сѐ за твојот живот, но тие неможат да ги видат посуптилните мисли и емоции кои сродната душа веднаш ги препознава.

Сродната душа доаѓа ненадејно, а партнерот кога ти треба – сродната душа не е секогаш во твојот живот во тешките периоди.

Сродната душа емоционално те стимулира, за разлика од животниот партнер. Таа те прави да се чувствуваш посебно, како што ни ние не би се чувствувале за себеси. Додека животниот партнер делува на другите нивоа на твојата личност, сродната душа делува на емоциите.

Сродната душа ќе го здрма твојот свет, променувајќи ти го животот, а животниот партнер ќе ти донесе мир, овозможувајќи ти да ги развиеш своите способности и карактер на долгорочен план.

Некои од знаковите дека веќе ја имаме сретнато нашата сродна душа:

Губиме чувство за време кога сме со нив – се чини како времето пребрзо да поминува. Секоја минута станува секунда, а секој час минута. Пред да приметиме, веќе ни прошло времето.

Таа личност ни ги проширува видиците – ги става новите работи во фокус. Кога се трудиме да видиме работи од друга перспектива, таа е како наш учител кој ни помага во тоа.

Помага да го дадеме најдоброто од себеси  – таа личност ни посакува сѐ најдобро во животот, без да се натпреварува со нас.

Безрезервно и веруваме – од самиот почеток сме на иста страна со нив. Таква поврзаност ретко се наоѓа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *