Врвните експерти им откриваат на родителите: Ова е сигурен знак дека вашето дете има грип, а не КОРОНА!

19 септември, 2020
20100709_public_shutterstock__Di002351086_1000x0

Течење на носот, кивање укажуваат на …

Децата чии единствени симптоми се течење на носот „апсолутно немаат корона вирус“, тврди врвен британски експерт.

Професорот Тим ​​Спектор од Колеџот King’s во Лондон им објасни на родителите како да разликуваат симптоми на сезонски вирус од корона вирус. Меѓу другото, тој вели дека „течење на носот, кивање и затнат нос“ укажуваат на тоа дека детето сигурно нема корона вирус, туку само настинка.

Професорот Спектор, кој исто така ја лансираше апликацијата Coronavirus Symptom Study, стои зад истражувањето за најчестите симптоми на коронавирус кај училишните деца. Според неговите резултати, најчести симптоми се замор (кај 55% од неговите испитаници), главоболки (55%) и треска (49%).

Кај возрасните, фреквенцијата на симптомите е следнава: Замор (87 проценти), главоболка (72 проценти), губење на чувството за мирис (60 проценти). Ниту возрасните ниту децата заразени со вирусот корона од симптомите немале течење на носот, вели овој експерт.