Заборавете на фигаро: Навиткајте ја косата природно

12 мај, 2020
витлери

Откако пазарот беше преплавен со модерна технологија и четки кои се загреваат, класичните витлери беа фрлени во заборав. Но, тие секогаш се добро решение затоа што не ја уништуваат косата.

1. Сунѓерести спирали

Некогаш хит, а денес веќе малку заборавените спирали за коса кои ќе ви ја навиткаат косата за време на спиењето. Исчешлајте го одделно секој прамен од косата, завиткајте ја на директно на сунѓерестата спирала и потоа преклопете.

2. Магични витлери

Убави и долготрајни кадрици се лесни за постигнување со магични витлери и тоа без да ви ја уништат косата. Тие се користат на влажна коса, а за уште подобар ефект, се препорачува да се нанесе пена. Ставете го праменот во витлерот и завиткајте го. Ако вашата коса е подолга од 25 сантиметри, за еден прамен ќе ви требаат два витлери.

3. Силиконски витлери

Тие се одлични затоа што не ја оштетуваат косата, и тие се лесни за употреба и одржување. Најдобро е да ги ставите на коса што не е целосно сува. Отворете го виткачот, завиткајте го праменот и затворете го. Чувајте ги најмалку еден час, а за уште подобар резултат земете фен за коса.

4. Трака за коса

Со помош на трака, ќе добиете нежно брановидна и коса со волумен. Важно е косата да не е целосно сува. Поделете ја косата на два дела и завиткајте ги околу треката. Прицврстете ја косата со шноли и преспијте така. Расчешлајте ја косата со прстите.