Забременила откако била НЕВЕРНА, па му признала сè, а неговата реакција е ШОКАНТНА!

18 септември, 2020
неверна насловввв

Не можеше ни да сонува дека ќе реагира на тој начин

Анонимна жена се пожали на Интернет и ја отвори душата споделувајќи ја својата необична приказна.

Имено, по една ноќ, веќе ништо не беше исто во нејзиниот живот.

Премногу алкохол ја натера да го изневери сопругот, но не само тоа…

„Јас имам 39 години, имам две прекрасни деца и 43-годишен сопруг. После карантинот, една вечер излегов со колегите од работа, а тука беше и еден 32-годишен привлечен маж. Почнавме да зборуваме и по неколку пијалоци започнавме да флертуваме“, вели жената.

Таа тврди дека тој ја замолил да поделат такси до дома, а потоа ја поканил кај него, бидејќи живее сам, на што таа се согласила.

„Бев пијана, а тој беше многу убедлив. Имавме секс и јас веднаш се почувствував виновна. Кога се вратив дома, сопругот веќе спиеше. „По неколку недели сфатив дека ми доцни, направив тест за бременост и се покажа како позитивен“, признава таа.

Таа вели дека веднаш знаела дека не може да забремени со сопругот, бидејќи тој претрпел стерилизација пред неколку години.

Очајната жена и се доверила на снаата, која рекла дека мора да му ја признае вистината на својот сопруг и дека ако не признае, ќе му каже таа.

Таа веќе не можеше да се крие, и покрај фактот што закажа абортус, па му призна, но беше изненадена од неговата реакција.

„Тој беше шокиран само на почетокот, но наскоро стана многу разумен, дури и премногу и воопшто не ме обвинуваше. Сфаќам дека нашиот брак стана премногу монотон. Иако се обидувам да променам нешто, сè е рутина за него. Ми се чини дека со оваа реакција тој сака да ми потврди дека сега сме само најдобри пријатели, а не нормална брачна двојка “.