Закажете си состанок со храната. Се сеќавате ли на паузите за ручек?

21 април, 20200
јадење 1

Ова е текст за оние кои мораат да останат дома и јадењето против стрес им стана спорт, а овој несакан начин на живот им дозволува 24 часовен пристап до фрижидерот и грицките.

Повеќето од нас ги променија навиките за јадење, па некои забораваат да јадат, а некои претеруваат со јадење. Но постои начин сега да стекнеме некои навики кои подоцна ќе ни се исплатат, кога животот повторно ќе се врати во нормала.

Здравствените ризици кои се вклучени во прејадувњето можат да се исправат, особено ако се предизвикани од седечки начин на живеење, а учењето како да бидеме свесни за своите навики за јадење можат да ни помогнат да се вратиме во нормалниот живот.

Закажете состанок со храната

За многумина кои работат од дома, животот ја загуби својата форма. Иако јадеме секој ден отприлика во исто време, сега е тешко да се придржуваме кон тој распоред, кога слободното време и работата не можат да се одвојат. Иако треба да сме среќни што работиме од дома зашто многу луѓе се приморани да одат на работа и на тој начин се изложуваат на опасност. Луѓето кои се склони на прејадување, или забораваат да јадат треба да си ги закажуваат оброците. Одвојте одредено време за појадок, ручек и вечера. Ако се посветите на оваа рутина, повеќе ќе уживате во оброците.

Ако не готвите, почнете да го правите тоа

Пазарењето претставува дополнителен стрес сега зашто треба да внимавате на дистанцата, да воведете дополнителна хигиена, да миете раце и да носите маски.

Но, дури и во нормални времиња готвената храна е поздрава опција, а готвењето сега може да ви помогне да се фокусирате на нешто друго, меѓудругото и на вашето здравје.

Сега имате време да експериментирате со нови вкусови и нови рецепти.

Од оваа пандемија може да се извлече поука, а тоа е дека треба повеќе да внимавате на вашето здравје и здравјето на вашето семејство, бидејќи сè додека сме здрави, имаме одбранбен систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi