Заоблен задник и затегнати нозе за еден месец: Овој тренинг дава најдобри резултати!

15 јуни, 20200
Annotation 2020-06-15 154039

Летото се ближи и крајно време е телото да го доведеме до совршенство. Со оглед на тоа дека ни останува уште малку време до моментот кога ќе го облечеме омилениот костим за капење, ги најдовме најефикасните, но и забавни начини, за намалување на килограмите.  

Овие физички активности многу брзо ги топат масните наслаги со согорување на многу повеќе калории отколку со класичен тренинг, велат фитнес инструкторите.

Изберете ја онаа вежба која најмногу ви се допаѓа и започнете ја трансформацијата:

Возење ролерки

Иако ова звучи како вистинска забава, возењето ролерки е сериозна вежба. За еден час ќе согорите до 500 калории, а мускулите на нозете и задникот ќе ви бидат позатегнати. После две до три недели ќе ги приметите првите резултати.

Прескокнување на  јаже

Со оваа физичка активност, покрај мускулите на нозете и задникот, ќе ги активирате и сите останати делови на телото. За еден час може да се согорат до 800 калории. Дефинитивно оваа вежба дава резултати, а нема да ви биде досадно.

 Мост

Оваа вежба ги активира мускулите на задникот и нозете. Најефикасна е доколку сакате заоблен задник каков што имаат Бразилките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *