Започна тестирањето на новата вакцина: “Covi – Vak” се прска во носот, доволна е една доза, а заштитата трае со години!

15 декември, 2020
profimedia-0340399432_1000x0

Назалната вакцина против Ковид – 19 треба да биде тестирана, откако ќе биде одобрена од Британската независна регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (МХРА).

„Во прашање е првата фаза, меѓутоа, како што видовме, првата може да прејде во третата, за само неколку месеци во овој нов свет на брз развој на вакцини“, изјави извршниот директор на компанијата “Open Orphan”, Катал Фриел – „Велика Британија е светски лидер во тестирањето на вакцините и никој не го прави тоа добро како нас. Навистина е возбудливо, затоа што ова исто така би значело нова генерација на вакцини кои се даваат интерназално (преку нос) и се инјектира само жив, мал дел од вирусот.

“Covi – Vak” е една од ретките вакцини што користи жив, но ослабен вирус, за разлика од повеќето други вакцини кои содржат само вирусен протеин.

Интересно е што станува збор за вакцина без игла и се прима само една доза.

Компанијата вели дека вакцината може да предизвика поширок имунитет на антитела, клетки и мукозни мембрани, со една единечна доза и може да биде една од првите вакцини, во светот, што обезбедува долгорочен имунитет против Ковид-19.

Тестирањето се очекува да започне во јануари 2021 година.

“Ако оваа вакцина биде одобрена на крајот на следната година, сè ќе биде многу полесно. Замислете колку е лесно да се купи вакцина која само ќе се прска во носот, без инјекции и непријатни реакции”, истакна Фриел.