Заработува, а не излегува од дома: Баба Нерина од Италија го воодушеви светот со нејзиното онлајн готвење

5 мај, 20200
Заработува, а не излегува од дома: Баба Нерина од Италија го воодушеви светот со нејзиното онлајн готвење

Пред корона вирусот, бабата Нерина од предградијата на Рим, имаше работилница за туристи кои сакаа да однесат дома ново знаење и неизбришливи спомени од Италија. Поточно, таа ги учеше како да направат домашни тестенини.

За да продолжи да го прави она што најдобро го знае, таа продолжи да готви, а нови ученици за својата работилница наоѓа на Интернет. Таа ги пренесува своите семејни рецепти во предавања во живо, а нејзините фетчучини и канелони го обиколуваат светот со вкусови и мириси.

За популарноста на бабата исто придонесуваат и објавите на странските медиуми. Пред курсот, на секој присутен му се обезбедува список на намирници, а како што вели бабата, повеќето состојки ги имаме дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *