Заштитете се од БАКТЕРИИТЕ во ЈАВНИТЕ ТОЛЕТИ: Ова никогаш не смеете да го правите!

17 септември, 2020
public wc

Секојдневно се движиме и скоро е невозможно да ги избегнеме. Но, кога ќе зачекорите таму, имај ги на ум овие работи.

Општо е познато дека јавните тоалети се места каде што има многу бактерии поради големата дневна циркулација на луѓе. Можете лесно да соберете инфекција, а во ова време е уште поважно да се грижите за вашето здравје. Сепак, во некои ситуации сме принудени да користиме јавни тоалети во трговски центри, кафулиња и слични места. Запомнете ги овие правила тогаш и ќе бидете побезбедни:

Физичко растојание

Ова е една од најважните мерки. Останете барем неколку метри подалеку од другите луѓе, и ако не можете, покријте ја устата и носот со маска. Ако тоалетот не е толку голем, подобро почекајте да се намали бројот на луѓе.

Допирајте ги површините со марамици за рака Тешко е да се избегне допирање на некои површини,како на пример рачката на вратата или кутијата за тоалетна хартија. Подгответе доволно марамчиња за да можете да ги допрете сите овие површини со марамче во вашата рака. Кога ќе завршите со користење на овие простори, веднаш фрлете ги и темелно измијте ги рацете.