Зашто не е лесно да се биде во врска со атрактивна личност?

31 мај, 20200
zena-seksi-noge-shutterstock

Сигурно барем еднаш во животот ви се допаѓала некоја навистина атрактивна личност која на крајот ве одбила и тоа ве довело до очај.

Сепак, ви направиле услуга бидејќи истражувањата од Харвард покажале дека згодните луѓе се полоши партнери во долга врска. Тоа ги објаснува и разделбите кои им се случуваат на наизглед „совршените“ луѓе. Според истражувањето, атрактивноста оствара многу врати и се доаѓа до широка палета на додворувачи па на згодните луѓе тешко им е да се врзат за една личност на подолга релација, бидејќи нови прилики постојано им се појавуваат пред нив.

Исто така се покажало дека згодните луѓе почесто ги прекинуваат врските бидејќи не можат да се соочат со сериозните и захтевни делови на врската. Тие едноставно не сакаат да се носат со тешкотиите и проблемите кои се појавуваат во љубовната врска и полесно им е да избегаат од своите проблеми, најчесто во рацете на друга личност.

Првата фаза на истражувањето покажала силна врска помеѓу разводот и атрактивниот партнер. За да го утврдат тоа, научниците побарале од две жени да ја оценат привлечноста на повеќе од 230 мажи според сликите од нивните средношколски алманаси. Следното што го направиле научниците, ги провериле мажите дали се венчани или разведени во последните 30 години откако фотографиите биле направени. Резултатите покажале дека мажите кои биле оценети како најзгодни, во главно биле разведени.

Се смета дека поголемиот број на парови во врската престануваат да обраќаат внимание на други поединци за да ја заштитат врската од неочекувани изненадувања.

Но според резултатите од експериментот, на атрактивните луѓе им недостига таа заштитна пристрасност и вообичаено имаат поголем интерес за „алтернативните опции“, односно други луѓе.

Сепак важно е да се напомене дека има и други причини за прекинување на врската. Ако сте згодни тоа не значи дека никогаш нема да имате долга и цврста врска, но ако сте немале среќа во врските, веројатно ќе најдете утеха во резултатите на оваа студија: премногу сте згодни за другите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi