5 намирници кои не треба да ги конзумирате доколку имате Ковид 19: Со нив лекувањето ќе трае многу подолго

17 декември, 2020
hrana

Еве која храна не треба да ја јадете доколку се лекувате од корона, така што закрепнувањето ќе биде побрзо!

1. Преработена храна

Ако сте заразени со корона, последно што треба да јадете е храна полна со натриум, адитиви и додаден шеќер бидејќи секоја од овие работи ја зголемува количината на воспаление во организмот.

2. Црвено месо

Без разлика дали сте заразени со ковид или не, црвеното месо треба да се избегнува поради големата количина на заситени масти, кои промовираат воспаление. Кога се борите против вирусот, потребна ви е храна што го намалува воспалението и содржи мононезаситени масти, како што се оние што се наоѓаат во авокадо, маслиново масло, лосос …

3. Пржена храна

Храната што се подготвува на овој начин обично содржи многу маснотии, токму поради начинот на подготовка. Доколку се консумира во големи количини, пржената храна лошо влијае на имуниот систем и микробиомите во цревата и го зголемува нивото на лош холестерол.

4. Засладени пијалоци

Познато е дека додадените шеќери предизвикуваат воспаление во организмот, па затоа нутриционистот Анхел Планелс истакнува дека треба да се избегнуваат засладени пијалоци, особено кога имате вирус во вашето тело.

5. Зачинета храна

Овој вид на храна може да го иритира грлото и да предизвика кашлање, а ако веќе сте заразени со корона, тоа е последното што ви треба.

escort - Korsan taksi