5 пијалоци кои имаат повеќе калории од чоколаден колач

13 април, 20200
калории насловна

Ако мислите дека слатките и брзата храна се единствените намирници кои треба да ги избегнувате за да останете вити- се лажете.

Еве кои пијалоци имаат повеќе калории од големо парче чоколаден колач брауни, кој во просек има 227 калории.

Сок од грозје

Многу произведувачи на сокови ги продаваат производите во шишиња од 450 милилитри. Сокот од грозје во таа количина може да содржи 270 калории.

Чоколадно млеко

Околу 230 милилитри чоколадно млеко содржи приближно 254 калории.

Сок од портокал

Овој освежителен пијалок, ако има дополнително шеќер, може да содржи и до 258 калории во 450 милилитри.

Десертно вино

Нека не ве залажува малата количина од миризливото вино. Само две чаши од по 100 милилитри содржат 320 калории. Затоа, потрудете се да го ограничите внесот на овој заводлив пијалок.

Сок од брусница

Во 450 милилитри сок од брусница се наоѓаат дури 260 калории.

Сите овие пијалоци, освен десертното вино, содржат одредена количина на хранливи состојки. Целосното избегнување на овие пијалоци не е баш здрав начин за губење на килограмите, туку решението е во умерено конзумирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *