5 трикови за подготовка на вкусен зеленчук!

11 април, 20200
zelencuk

Кога како деца, некој би ни сервирал чинија со обични сварени брокули, би заклучиле дека брокулата ќе биде намирница која најмалку ја сакаме. Но со текот на времето почнуваме сами да си готвиме и затоа погледнете ги овие 5 трикови со чија помош зеленчукот може да стане храна која сакате да ја јадете.

Пржењето не е само за компири

Сите сакаме помфрит, но не можеме да се согласиме дека пржениот компир е најдобар начин за внес на хранливи материи. Наместо помфрит, пробајте да испечете или поховате останат зеленчук. Можете да се обидете со тиквички, сладок компир и авокадо.

Не ги фрлајте остатоците

Често фрламе делови од зеленчукот кои не сакаме да ги јадеме, но она што не го знаеме е дека на тој начин ние практично фрламе вкус. Следниот пат сочувајте ги листовите од целерот, стеблата, лушпите од лукот и останатиот “отпад” и подгответе ги за во замрзнувач (можете сите заедно да ги ставите во кеса за замрзнување). Кога ќе се соберат доволно состојки можете да направите сопственa основа и да додадете екстра вкус на своите јадења.

Подгответе намаз од зеленчуци

Ако сакате хумус или слични намази можете да измешате зеленчук кој ви е при рака и така да направите фин крем за макање. Гарантирано ќе биде вкусно и здраво

Јадете ги стеблата

Не го сакате вкусот на брокули? Можеби не сте знаеле дека постои дел од овој зеленчук кој е сладок и вкусен- стеблото! Едноставно отстранете го надворешниот слој и можете да го јадете свежо ( со сос), или можете да го сварите со остатоток од брокулите.

Променете ја текстурата

Ако не сте љубител на салати или воопшто на големи парчиња на зеленчук, едноставно променете ја текстурата. Наједноставен начин е подготовка на крем супа, на која по желба можете да и додадете и зачинки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *