7 работи што можат да ви се случат ако престанете да пиете КАФЕ

3 јуни, 20200
kafa2-1536x1024

Недостаток на кофеин може да влијае на вашето тело на различни начини

Без него, многумина не можат да се разбудат, други го пијат комплетно горчливо, а други немилосрдно го засладуваат – без кафе е речиси невозможно да се замисли животот, или ни се чини на нас дека тоа е така. Дали некогаш сте се запрашале што може да се случи со вашето тело ако одлучите да престанете да го пиете?

Ако пиете кафе само „за цел“ додека разговарате со пријателите, лесно ќе одлучите да не го консумирате повеќе. Но, ќе биде многу потешко за луѓето кои пијат големи количини кафе на ден.

Се разбира, сите реагираат различно на недостаток на кофеин, а експертите наведуваат седум работи што може да ви се случат ако престанете да пиете кафе:

Зголемување тежина

Кафето привремено го намалува апетитот, а кога престанувате да го конзумирате, вашето тело очајно бара замена во форма на пијалоци со многу шеќер и калории.

Ќе спиете подобро

Една студија од 2013 година покажа дека дури и ако пиете кафе шест часа пред спиење, тоа може да ви го наруши сонот.

Повеќе главоболки

Првото утринско кафе е клучно за секого, а кога ќе го отстраните од вашето тело, останувате без потребната доза на допамин и адреналин, што ве прават будни. Но, без кафе, на сцената се појавува хормонот аденозин, кој е одговорен за чувството на замор и ја нарушува хемијата на мозокот и доведува до главоболки.

Понекогаш ќе се чувствувате болни

Луѓето кои консумираат кафе во големи количини, на почетокот на апстиненцијата, можат да почувствуваат симптоми на депресија, вртоглавица, нервоза, несоница… Но, лекарите велат дека сето тоа ќе помине за два, а најмногу 14 дена.

Вашата насмевка ќе биде поблескава

Без кафе, ерозијата на забите и создавање темни дамки ќе се намали, а твојата насмевка ќе биде „побела“.

Недостаток на концентрација

Аденозинот повторно е на работа, има предност и заради тоа ќе се чувствувате уморни и ќе имате потешкотии да се концентрирате. Земете гума за џвакање, а функцијата на мозокот ќе се подобри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *