8 цитати кои помагаат да свртите нов лист во животот: овие зборови привлекуваат позитивни промени во вашиот живот

17 април, 20200
misli

Овие цитати, за будење на вашата душа, можат да ви помогнат среќно да живеете и полесно да ја пратите визијата на вашата иднина.

Нашата душа може да помогне да го откриеме она што навистина не прави среќни. Може да ни помогне да се чувствуваме возвишено и полни со надеж, како и да го насочиме животот во насока кон која ќе имаме најмногу позитивни моменти. Во случај доколку нова идеја ви е да се фокусирате на сопствената душа, можеби можете да почувствувате дека нешто во вас чека да биде “оживеано“.

Овие цитати, за будење на вашата душа,  може да ви помогнат да живеете среќно и полесно да ги следите вашите соништа, а воедно и вашата иднина да добие значење и цел. Може да ви помогнат со тек на време да се ослободите од негативните мисли и лоши навики, да почувствувате позитивни вибрации и да спознаете дека вие сте креаторот на сопствената судбина.

1. Чекорам кон правиот пат, живеам со позитивни вибрации и помагам на сите околу мене.
2. Подготвен/а сум да ги следам моите соништа и денес ќе го направам следниот чекор.
3. Исполнет/а сум со позитивна енергија и воспоставувам позитивни односи.
4. Ја будам својата душа за да го живеам животот целосно.
5. Во секој момент го заменувам стравот со љубов.
6. Кога ќе почнам да верувам дека можам, вистински можам.
7. Секој ден започнувам визуелизација на патот кој ми овозможува да помагам на сите околу мене.
8. Ги напуштам негативните мисли и верувања и постигнувам позитивна цел во својот живот.

Како да ги применувате овие цитати за да делуваат.

Одличен начин за користење на овие цитати е да ги запишувате на хартија дваесет пати наутро и дваесет пати навечер. Ова навика ќе ви ги разубави двата клучни моменти во денот – наутро и навечер. Кога ќе се разбудиме наутро или пред спиење, нашиот ум е опуштен и во тие моменти нашата потсвест е најмногу отворен за примање на промени.

Овие цитати можете исто така, да ги напишете на стикери и истите да ги залепите на места каде што најмногу го поминувате вашето време, на пример, пред огледало, веднаш над садоперот или покрај компјутерот. Дури може да поставите потсетник на својот мобилен и во текот на денот да ве потсети да ги прочитате овие правила.

Ова правило кое најмногу ви се допаѓа, повторувајте го неколку пати во текот на денот, додека чекате пред банка или се качувате по скали или се возите во вашиот автомобил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *