АКО НОСИТЕ ПЛАТНЕНИ МАСКИ ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Доколку не го правите ова секој ден, МАСКАТА НЕМА ДА ВЕ ЗАШТИТИ и може да бидете заразени

5 август, 20200
маски

Многу луѓе избираат платнени маски наместо за еднократна употреба, затоа што можат да се користат повеќе пати.
Сепак, има една мала работа за нив што многумина ја забораваат. Имено, треба да ги перете секој ден, особено ако имате работа за која е потребно да носите маска цел ден. Ако не го сторите тоа, ризикувате сериозни последици по кожата во форма на акни, кои веќе добија надимак „маскини“.
– Носењето маска ја покрива кожата и создава топло, влажно опкружување што го намалува протокот на кислород до кожата и резултира во акумулација на кожни запушувања и акни. Згора на сето тоа, фактот дека носните секрети остануваат во рамките на маската подолг временски период и во близок контакт со кожата, исто така, може да го зголеми бројот на бактерии на кои е изложена вашата кожа, и затоа да резултира во зголемување на флеки – предупредуваат експертите.


Покрај проблемите со кожата, не редовното перење на маската може потенцијално да влијае на вашето здравје – со зголемен ризик од инфекција со коронавирус ако маската стане неефикасна.
– Подеднакво е важно да се освежува маската секој ден за да се запре потенцијалното ширење на Ковид-19 или кои било други микроби на други. Ако не ја перете маската секој ден, создавате бактерии и потенцијални микроби што ја прави маската неефикасна. Можете да ја стерилизирате маската во машина за перење или можете да ја измиете рачно во врела вода. Ако материјалот не се пере, тогаш големи се шансите дека е потребно после едно носење да се замени со нова.
Кога ја ставате и вадите, држете ги само ластичињата и не ги допирајте очите, устата и ушите. Откако ќе го извадите, измијте ги рацете темелно. Исто така, имајте на ум дека маските од платно имаат рок на траење. Ако видите дека материјалот е истенчен или избледен, фрлете ја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi