Ако се прашувате што значи изразот „нуклеарно семејство“ ова е наједноставното објаснување

29 април, 20200
семејство 2

Секое семејство е единствено на свој начин, а љубовта меѓу неговите членови мора да биде клучот за сè

Традиционалното значење на терминот „нуклеарно семејство“ значи двајца сопружници од спротивниот пол и нивните деца, биолошки или посвоени. Сепак, значењето на овој термин донекаде се промени за да се направи поинклузивно, а денес се однесува на различни типови на блиски семејства.

Уште во 13ти век, во Англија била забележана структурата на потесното семејство , кога луѓето подоцна се венчале. Бидејќи многу родители веќе биле починати, домаќинството се состоело од една брачна двојка и нивните деца.

Со појавувањето на нуклеарно семејство, бројот на потомци на брачната двојка се намалува, а поголема важност е придадена на образованието и на блискоста со детето. Повисокиот квалитет во здравството исто така придонесе и за растот на ваквите семејства, бидејќи старите лица почнаа да стануваат независни, односно не им беше потребна постојана грижа за децата и внуците.

Според современите сфаќања, нуклеарно, или блиско семејство, го сочинуваат двајца родители со едно или повеќе деца, кои живеат под ист покрив. Покрај тоа, тие можат да бидат биолошки потомци или посвоени деца. Исто така, родителите не мора да бидат од спротивен пол, што истовремено значи дека во блиското семејство брачната двојка може да биде легално во брак, истополова или различно полова врска. Оваа динамика не влијае на нивната одлука заедно да се грижат за своите деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi