Алкохолот не е начин да се справите со пандемијата од коронавирус, а еве и зошто

4 април, 20200
алкохол

Алкохолот го ослабнува имуниот систем и ја зголемува паниката и депресијата во текот на изолација. Но, се чини дека многумина посегнуваат по алкохол како начин за справување со стресната ситуација уште повеќе откако во цел свет се затворија пабовите и кафе баровите.

Трговијата бележи голем пораст на продажба на алкохолни пијалоци

Светската Здравствена Организација објавила извештај во кој апелира да не се конзумира зголемена количина на алкохол во текот на пандемијата, оние кои пијат алкохол треба да го ограничат на еден пијалок (чаша пиво или чаша вино) на ден. Со пиењето се менува цревната микрофлора, односно се нарушува балансот на цревните бактерии и на тој начин се уништуваат станиците за имунитет, ослабнувајќи ја првата линија за одбрана од вируси и бактерии. Дури 80 проценти од нашиот имун систем се во нашите црева.

Втора негативна последица е тоа што алкохолот пречи за апсорпција на хранливите материи од храната и на тој начин го руши системот за имунитет кој во голема мера зависи од она што го јадеме. Освен тоа, луѓето кои пијат алкохол најчесто јадат помалку, а последицата е недостаток на хранливи материи и лоша функција на целиот организам, предизвикувајќи оштетување на срцето, бубрезите, црниот дроб, мозокот…

– Кога сме затворени дома најважно е да се одржува некаква рутина која ќе ни дава чувство за контрола и ред. Освен тоа, за психичкото и физичкото здравје важно е да се храниме здраво, да вежбаме и да спиеме, изјавила др. Ајша Малик од СЗО.Таа Истакнала дека алкохолот не е начин кој ќе помогне да се олесни чувството на осаменост, бесцелност, неизвесност и досада, кои се нормални за време на карантинот. Чаша вино или пиво за вечера е во ред, но напивање никако не е препорачливо, бидејќи се големи шансите пиењето да предизвика уште поголемо чувсто на депресија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi