Апче кое скоро сите го имаме дома ќе се тестира како можен лек против ковид 19

7 ноември, 2020
shutterstock_1148766485

Ко-водачот на студијата тврди дека постојат јасни причини во прилог на тезата дека аспиринот може да биде корисен Аспиринот, широко користен лек, исто така користен за спречување на тромбоза, ќе биде тестиран како можен лек против ковид-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија. Пациентите заразени со новиот коронавирус имаат зголемен ризик од згрутчување на крвта поради хипер-реактивни тромбоцити, тромбоцити важни за запирање на крварењето.

„Постојат јасни причини во прилог на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа е безбеден, ефтин и широко достапен“, вели Питер Хорби, коавтор на студијата. Најмалку 2.000 случајно избрани пациенти треба да примаат 150 мг аспирин дневно со вообичаен режим. Податоците за закрепнувањето на овие пациенти ќе се споредат со податоците од најмалку 2.000 други пациенти кои примаат друга стандардна терапија за ковид-19. Другите терапии што се тестираат вклучуваат обичен антибиотик азитромицин и коктел со антитела „Регенерон“ што се користи за лекување на симптоми на ковид-19, како што се оние на американскиот претседател Доналд Трамп.

escort - Korsan taksi