Авокадо – најдобриот сојузник на нашето срце

5 јуни, 20200
avokado

Зошто да јадеме авокадо кога е прилично скапо и нема волшебен вкус како многу други овошја? Факт е дека авокадото не е меѓу највкусните и најпопуларните овошја, но тие сигурно се меѓу исклучително здравите.

Авокадото е богато со хранливи материи и нивната редовна консумација ќе помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања. Најголемиот процент на маснотии се состои од монозаситени масти, кои се добри за здравјето на нашето срце и на целиот кардиоваскуларен систем. Здрава диета не значи отстранување на маснотиите од менито, туку фокусирање на т.н. добри масти. Овие незаситени масти се наоѓаат во најразлична храна, а најмногу ги има во рибите, оревите и маслиновото масло. Високиот процент на незаситени масти кај авокодото го прави да е добар за нашето здравје, а го намалува и нивото на холестерол. Покрај тоа, тој не содржи натриум и има корисен ефект врз здравјето.

Благодарение на високиот процент на растителни влакна, авокадото е исто така корисно при варење на храната и индиректно влијае на стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Ако сè уште има такви што се прашуваат зошто треба да јадете авокадо, одговорот може да биде да имате силни коски! Авокадото содржи калциум, како и витамини Ц, Д и К. Секој од нив игра важна улога во градбата на коските, што е особено важно за постарите луѓе чии коски се кршливи и лесно се разбиваат.

Имајте го предвид ова: Додавањето масло од авокадо или свежо овошје во салати и преливи ја зголемува целокупната апсорпција на хранливи материи. Телото полесно ќе ги користи сите хранливи материи присутни во други овошја и зеленчуци. Поради неутралниот вкус, авокадото добро се комбинира со сите други намирници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *