БАЊАЈТЕ СЕ СЛОБОДНО- Научните истражувања дадоа одговор на прашање кое ги мачеше сите!

24 мај, 20200
kapenje

Хлорот е доволен за да се уништи вирусот во базените!

Ако летото го поминувате покрај море, река, езеро или базен, не треба да се грижите за пливање заради ковид-19, тврдат американски научници.Нема докази дека некој се заразил со корона вирусот преку вода, вели професорот Карин Мичелс, раководител на одделот за епидемиологија на Универзитетот УКЛА во Сан Франциско.Паула Канон, професор по молекуларна микробиологија и имунологија, го дели истото мислење.

– Не можам да кажам дека ризикот е 100 проценти нула, но можам да ви кажам дека никогаш не би паднало на памет дека можам да го добијам ковид-19 во базен или море – вели Паула.На веб-страницата на универзитетот, која дава совети за пандемијата „Ковид 19“, се вели дека нема докази дека вирусот може да се пренесе преку вода во базен.Хлорот е доволен за да се уништи вирусот во базените. Експертите велат дека пренесувањето на болеста преку вода во реките, езерата или морето не е познато. Исто така, се смета дека престојот на отворено е помал ризик од затворен простор заради слободниот проток на воздух.

„Дури и да е теоретски можно, ќе треба да го испиете цело езеро за да се инфицирате“, вели професорот Михаелс.

Некои вируси живеат во фекални материи што влегуваат во морето преку канализација, но истражувањата до денес покажуваат дека главниот начин на пренесување на вирусот „Ковид 19“ е на респираторен начин отколку на фекален-орален начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi