Бромелија: Невообичаено растение кое помага да се спречи ’рчењето (ФОТО+ВИДЕО)

31 август, 2020
bromelija-cvet-biljka

Цветовите се често мали и незабележителни, но лисјата се убаво обоени

Bromeliaceae е семејство на тропски растенија кои потекнуваат од дождовните прашуми на Бразил, кои во нашиот регион претежно се одгледуваат како собни растенија, додека во татковината живеат на дрвја како епифит.

Билката обично цвета во пролет, но понекогаш може да и требаат неколку години за да процвета.

Во ретки случаи, мал плод од ананас се развива од цветот, и кога тоа ќе се случи, тоа е вистинска атракција! Поради овој феномен, бромелијата се нарекува и мал ананас.

Невообичаениот изглед на бромелијата може да ве натера да помислите дека има многу работа околу овие растенија и дека тие бараат посебни градинарски вештини за одгледување. Овие растенија се ценети за нивните месести лисја кои растат во природна розета. Нивните лисја се дебели, кожести и сложени во форма на инка, во која бромелиите ја складираат водата, така што тие се нарекуваат и „растенија цистерни“.

Бромелиите се разликуваат во структурата на цветот од другите цветни растенија. Цветовите се често мали и незабележителни, но лисјата се убаво обоени. Кон крајот на животот, бромелиите можат да формираат цветен венец или цвет чии форми и бои можат значително да се разликуваат од вид до вид. Ова растение се карактеризира со исклучителна декоративност и разновидност. Постојат повеќе од 2.000 видови бромелии, меѓу кои сигурно ќе ја најдете идеалната билка за вас.

Бромелијата е многу прилагодлива билка која преживува во широк опсег на температури, и во зависност од видот, тие можат да бидат повеќе или помалку отпорни. Сепак, идеалната температура за повеќето бромелии е помеѓу 13 и 26 Целзиусови степени. Не ги изложувајте на температури под 5 степени. Количината на потребната светлина исто така варира во зависност од видот на бромелијата, но силен, индиректен извор на светлина ќе одговара на повеќето видови.

Бромелијата е растение за кое е потребно многу вода, затоа е важно редовно да се наводнува. Важно е почвата никогаш да не стане целосно сува. Исцедете ја водата од тацната на саксијата редовно. Користете мека вода или дождовница за наводнување.

Во постудената сезона, одржувајте ја почвата релативно сува и намалете го наводнувањето.

Ова е растение чии лековити својства се покажаа одлични во борбата против иритирачкото и вознемирувачко ’рчење. Б ромелијата шири кислород во текот на ноќта и произведува ензим бромелаин кој го смирува ’рчењето кај луѓето.

Најновото истражување спроведено од НАСА, покажува дека бромелиите во вашата спална соба можат да го спречат ’рчењето и да ви овозможат мирен сон. Оваа неверојатна билка произведува големи количини кислород во текот на ноќта, а со тоа го подобрува, во значителна мера, квалитетот на воздухот.