ЧАЈ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ ИМУНИТЕТ: служи и како ладен пијалок за освежување

30 мај, 2020
лимон




Состојки:

2 чаши вода
1/2 лажичка рендан ѓумбир
1/2 лажичка мелено каранфилче
5 листови босилек
на врвот на лажичка куркума
1/2 лажичка црн чај
лимон и мед

Подготовка:

Во зовриена вода додадете ги сите состојки и оставете да отстои околу 3 минути.
Послужете со сок од лимон и мед по вкус.

Ако чајот има премногу силна арома за вас, можете да го разредете со вода или коцки мраз и да пиете во текот на денот за освежување.

Сите состојки во овој чај значително придонесуваат за зајакнување на имунитетот на организмот и јакнење на одбранбените способности против вирусни и бактериски инфекции.