Често прашање: Дали е безбедно да се изнајмува облека за време на пандемијата на корона вирус?

12 септември, 2020
20180129_ap_manu fernandez_barcelona_Di013392853_1000x0

Венчаниците се предмет кој најчесто се изнајмува.
Сепак, во ерата на коронавирусот, носењето нешто што друго лице веќе го носело може да биде малку вознемирувачко. Прашањето е колку е безбедно да се изнајми облека за време на пандемија на коронавирус. Професорката од универзитетот во Вашингтон, Мерилин Робертс изјави дека сè уште не е забележан случај на пренесување на коронавирус преку облека. Се додека тие алишта се исперат и дезинфицираат, нема да биде проблем да се носат. Многу компании носат облека преку процес на влажно или хемиско чистење, во зависност од соодветната грижа за облеката. Сите овие предмети се подложени на дополнителен процес на пареа, што ја загрева облеката на температура што ги убива сите вируси. Како одговор на коронавирусот, сите вработени во компанијата што изнајмуваат облека треба да носат ракавици и маски, а по една смена, просторот се дезинфицира. Носењето маски ја намалува веројатноста за пренесување на вирусот за повеќе од 90 проценти. Покрај тоа, според лекарите, вирусот се пренесува од човек на човек и многу е тешко да се пренесе преку облека и ткаенина.