Дали спиете доволно или грешите за време на одморот?

6 февруари, 20200
sleeping

Околу третина од луѓето во светот имаат проблеми со несоница или слаб квалитет на спиење. Иако будењето во средина на ноќта е непријатно за повеќето луѓе кои го доживуваат тоа, постојат докази од човечката историја дека некогаш будењето помеѓу два одделни циклуси на спиење било норма и нешто доста вообичаено.

Низ историјата има бројни записи за т.н. сегментиран сон – од медицински текстови до судски записи и дневници од западната култура до навики кај африканските и јужноамериканските племиња, со чести референци на „прво“ и „второ“ спиење.

Еволуција на сонот

Во 1840 година, Чарлс Дикенс во своето дело напишал: „Тој го знаеше ова, дури и по стравот што го следеше од првото спиење…“. Антрополозите пронајдоа докази дека за време на прединдустриската ера во Европа, т.н. двомодален (спиење во два одвоени циклуси) се сметало за правило. Времето за спиење тогаш не било одредено според добата на денот, туку според тоа дали имале да завршат било какви работи, пишува „Big Think“.

Историчарот Роџер Екирч опиша како луѓето одмарале еден час или два после зајдисонцето, ќе се разбуделе неколку часа подоцна и ќе останат будни еден час или два, а потоа заспивале повторно до зори. Помеѓу спиењето, луѓето се опуштале, разговарале или имале секс. Некои имале активности како што се шиење, сечење дрва или читање – потпирајќи се на светлината од ламбите. Интересно е што нема историски записи за тоа како луѓето имале несоница преку овие два поделени циклуси на спиење.

Биолошки темели

Помалку драматични форми на бифазно спиење постојат и во денешното општество, на пример во култури каде што „попладневната дремка“ е задолжителна. Нашиот внатрешен часовник лесно се прилагодува на овој распоред и го намалува чувството на будност во раните попладневни часови.

Во раните 1900-ти години, психијатарот Томас Вер спровел лабораториски експеримент во кој изложи група на луѓе на краток фотопериод, односно оставајќи ги во темница 14 часа секој ден наместо вообичаените осум – цел еден месец. Било потребно некое време за да се регулира нивниот сон, но до крајот на третата недела, се појавил добро познатиот начин на спиење во два одвоени циклуси. Прво спиеле околу четири часа, потоа ќе се разбуделе и ќе остананеле будни еден до три часа, а потоа повторно ќе заспиеле околу четири часа. Тој го земал ова како потврда дека човекот бил биолошки предиспозиран за тој вид спиење.

Предности и маани

Денешното општество не ни дозволува таков вид флексибилност. Општо се смета дека континуиран сон од седум до девет часа е најдобар за одмор и регенерирање на телото – но очигледно е дека таквиот систем не е погоден за секого. Кога не спиеме доволно, тоа влијае на секој дел од нашето тело, нашиот физички изглед и здравјето воопшто. Во денешно време, тешко е да имате доволно време за спиење, а последиците од недоволен сон се наплаќаат подоцна – преку намален имунитет, зголемен степен на стрес, склоност да се здебелите … За да проверите дали спиете доволно, треба да направите едноставен тест. Сè што ви треба е лажица и послужавник, а тестот најдобро се прави во попладневните часови, после работа и после јадење.

Тест за да утврдите дали спиете доволно

За да проверите дали спиете доволно, потребно е да направите едноставен тест. Сè што ви треба е лажица и послужавник, а тестот најдобро се прави во попладневните часови, после работа и после јадење. Легнете на креветот и погледнете го вашиот часовник за да утврдите кога точно легнувате. Удобно наместете се и подгответе атмосфера во која ви е најдобро за да заспиете – без разлика дали треба да ги затемните прозорците, да го вклучите ТВ-уредот или да пуштите лесна музика или пак да исклучите сѐ. Лажицата држете ја во раката, а раката оставете ја да паѓа преку страната на креветот или каучот. Под вашата рака наместете го послужавникот. Кога заспивате, звукот од паднатата лажичка би требало да ве разбуди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi